Закани со блокади на граничните премини
700 милиони евра од еврообврзницата ќе се користат за враќање на стари долгови, но и за реализација на нови проекти – вели Владата. Не очекува поголеми реперкусии врз економијата по најавите на камионџиите за протести на границите заради проблемот со новиот систем за влез и излез од шенген зоната. Не треба да бидат жртви на неподготвеноста на институциите за негово спроведување-вели премиерот.

Превозниците не треба да бидат жртви на неподготвеноста на институциите за системот за влез и излез во Шенген зоната, вели премиерот, по најавите дека камионџиите подготвуваат протест на граничните премини на 26 јануари. Ова доаѓа откако Брисел не ги зел предвид барањата на превозниците за олеснување на процедурите на границите.
Паралелно, околу 700 милиони евра од еврообврзницата, ќе се насочат кон враќање на стари долгови од претходната влада, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарки прашања. Премиерот потсети дека веќе се вратени 500 милиони евра. Тој рече и дека меѓу заемодавателите на еврообврзницата се наоѓаат реномирани светски финансиски институции, од кои некои за првпат се појавуваат на Балканот.
Од Владата уште лани најавија не очекува година полна со предизвици, но уверија дека со добар постои план и работа, потешкотиите ќе се надминуваат.
Паралелно, невработеноста во Македонија континуирано се намалува во последната деценија и стапката е преполовена. Таа од 23,4% во третиот квартал од 2016, во истиот период годинава изнесува 11,5%, или според статистика, запишани се 91.756 невработени.
Борис Грујоски
