Политички обвинувања за случајот со клиниката „Жан Митрев“
Обвинителството треба да постапува по тврдењата на кардиохирургот Жан Митрев, дека Филипче и Заев преку уцена се обидел да го преземат сопствеништво на Клиниката, вели премиерот. Мицкоски се сомнева дека и експретседателот Пендаровски носел незаконски и неуставни одлуки во време на пандемијата. Тој реагира. Обвинувањата се неосновани, Уставен суд ја потврди законитоста ...

Тврдењето на кардиохирургот Митрев за притисоците од страна на експремиерот Заев, и поранешниот министер за здравство Филипче, а со цел одземање на приватната клиника, треба да бидат предмет на постапување на Јавно обвинителство по допрен глас-вели премиерот Мицкоски. Тој посочи и на улогата на поранешниот шеф на државата, во периодот на ковид кризата. Постојат сериозни сомневања, дел од одлуките донесени од страна на Пендаровски биле спротивни на Уставот и законите. Тоа го отвора прашањето за институционална и кривична одговорност – вели Мицкоски.
Поранешниот претседател уверува дека работел според законот. Обвинувањата на премиерот Мицкоски се неосновани.
„Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови, потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите. Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата. Дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат кога сакаат, ако сакаат“, реакција на Пендаровски.
Лидерот на СДСМ Филипче претходно најави дека ќе поднесе тужба за клевета против, како што рече, наредбодавците и извршителот. Тој кажа оти чашата ја прелеале обвинувањата поврзани со д-р Жан Митрев. Ги повика Митрев и властите нивните обвинувања институционално да ги ефектуурираат. Партијата преку соопштение во одбрана на претседателот на СДСМ, против медиумскиот прогон против него.
ВМРО-ДПМНЕ со апел сведоштвата на кардиохирургот Митев да се проверат од страна на надлежните, особено по тврдењето дека поранешните функционери на СДСМ ги злоупотребуваше институциите во државата, а дополнително со својата моќ вршеше притисок врз обвинителството.
Марина Стојанова-Тонева
