Безбедност
Од 1 - ви февруари почнува „Безбеден град“ со казни
18.01.2026 19:44
Системот „Безбеден град“ на први февруари официјално ќе биде пуштен во функција, владата вели дека досегашната примена на камерите го менува однесувањето на возачите...

Системот „Безбеден град“ на први февруари официјално ќе биде пуштен во функција, владата вели дека досегашната примена на камерите го менува однесувањето на возачите, снима над три илјади прекршоци дневно, но и го намалува бројот на истите.
Прашан за поддршката од опозицијата околу законските измени, според премиерот клучен е хуманиот аспект.
Најавува во следните три до шест месеци одредени усогласувања и во делот на заштита на личните податоци на граѓаните и протоколите.
