Претреси на локации поврзани со судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд во Скопје
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција потврдија дека претресите се спроведуваат по наредба на јавен обвинител и со дозвола од Основниот кривичен суд Скопје.

Попладнево полициски екипи извршиле претреси на локации поврзани со судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд во Скопје. Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција потврдија дека претресите се спроведуваат по наредба на јавен обвинител и со дозвола од Основниот кривичен суд Скопје.
Неофицијално, постојат сомнежи за можна злоупотреба на судиската функција. Засега не се соопштува конкретната правна квалификација, бидејќи претресите сè уште се во тек. Според информации од извори, претрес бил извршен и во домот на судијата.
Името на Ристов претходно се споменуваше во контекст на случајот со Фехми Стафа, поранешен народен правобранител, кој се наоѓа во притвор под сомнение дека примил мито во износ од 50.000 евра. Неофицијалните информации укажуваат дека актуелните претреси кај Ристов произлегуваат токму од овој предмет.
