Православните верници го слават Богојавление-Водици
Денеска православните верници го чествуваат големиот христијански празник Богојавление, Водици. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Централната богослужба е во „Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, господин, господин Стефан. Тој ќе ја предводи литијата од црквата до мостот „Слобода“ каде што ќе биде положен крстот во водите на реката Вардар.
И Охрид е подготвен за одбележување на Водици. Таму се пријавени 100-тина верници кои по положувањето на крстот ќе влезат во водите на Охридско Езеро.