Временска прогноза

Утрото умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево

19.01.2026 08:35

Синоптичарите најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец...

Синоптичарите најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до-4, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла.