Давос

Во Давос почнува Светскиот економски форум

19.01.2026 09:48

Под мотото „Во духот на дијалогот“, во фокусот се заедничките предизвици и иновациите за дефинирање на иднината, дури и кога доминантниот тон од Вашингтон го нарушува глобалниот поредок...

Во Давос почнува Светскиот економски форум со учество на над 3.000 луѓе од 130 земји, вклучувајќи 65 шефови на држави и влади и стотици извршни директори. Под мотото „Во духот на дијалогот“, во фокусот се заедничките предизвици и иновациите за иднината, дури и кога доминантниот тон од Вашингтон го наруши глобалниот поредок, а милијардерите собраа трилиони ново богатство додека сиромашните заостануваат.

„Навистина ќе биде дискусија во многу важен момент, геополитиката се менува. Некои луѓе мислат дека сме во транзиција, некои луѓе мислат дека веќе сме влегле во нова ера, но мислам дека е неоспорно дека гледате поконкурентен, поконкурентен пејзаж“, Мирек Душек, генерален директор на Светскиот економски форум.

Главниот настан неделава во Давос ќе биде средбата меѓу Трамп и генералниот секретар на НАТО, Руте, кој се обидува да го спречи распадот на алијансата по заканите за Гренланд. Додека се бара решение пред воведувањето царини од САД за некои земји на ЕУ на 1-ви февруари, Европа останува обединета и категорична дека нема да отстапи пред уцените. Британскиот премиер Стармер го критикуваше Трамп за воведувањето царини на сојузниците, оценувајќи ги како погрешен чекор и нагласувајќи дека безбедноста на Арктикот е заеднички интерес.

Во Брисел, земјите-членки на ЕУ ја потврдија поддршката за Данска и Гренланд, разгледувајќи одмазднички пакет со активирање на „Инструментот против присила“. Најавен е и вонреден состанок на Европскиот совет. И покрај притисокот, Данска останува непоколеблива, заедно со Норвешка оценија дека воведувањето царини е неприфатливо.