Русија ги засилува нападите врз украинската енергетската инфраструктура
Зеленски соопшти дека Украина обезбедува странска помош и работи на обнова на системот, додавајќи дека САД се целосно информирани за нападите...

Русија ги засилува нападите врз енергетската инфраструктура, оставајќи ги Киев и Харков во критична состојба. Зеленски соопшти дека Украина обезбедува странска помош и работи на обнова на системот, додавајќи дека САД се целосно информирани за нападите. Оцени дека постапките на Москва покажуваат отсуство на искрен интерес за дипломатија и најави зголемен меѓународен притисок врз Русија.
„Доколку Русите беа навистина сериозни во врска со завршувањето на војната, тие ќе се фокусираа на дипломатијата, а не на ракетните напади, прекините на електричната енергија и обидите да се оштетат дури и нашите нуклеарни централи. Ова мора да се признае. Притисокот мора да продолжи врз агресорот и причинителот за оваа војна – а тоа е Москва“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
