Шпанија
Најмалку 39 загинати во судир на возови во Шпанија
19.01.2026 09:14
Најмалку 39 лице загинаа, а десетици се повредени во железничка несреќа во јужна Шпанија, кога два брзи воза се судрија кај градот Адамуз, близу Кордоба...

Најмалку 39 лице загинаа, а десетици се повредени во железничка несреќа во јужна Шпанија, кога два брзи воза се судрија кај градот Адамуз, близу Кордоба.
Возот што патувал од Малага кон Мадрид излетал од шините и удрил во соседна пруга, при што се судрил со втор воз. Околу 25 лица се во тешка состојба, а железничкиот сообраќај меѓу Мадрид и Андалузија е прекинат.
Шпанските власти започнаа истрага, а кралот и премиерот изразија сочувство.
