Чиле

Најмалку 15 загинаа, а илјадници се принудени на евакуација поради шумските пожари во Чиле

19.01.2026 10:26

Властите прогласија вонредна состојба во два округа. Досега се изгорени над 8.500 хектари шума и уништени стотици домови...

Најмалку 15 загинаа, а илјадници се принудени на евакуација поради шумските пожари што беснеат низ Чиле. Властите прогласија вонредна состојба во два округа.

„Бевме заробени во пожарот. Поминавме ужасно, сè тргна наопаку. Тоа беше нешто што се случи одеднаш“, Алдо Бариентос, локален жител на Чиле.

Досега се изгорени над 8.500 хектари шума и уништени стотици домови. Пожарите се шират поради силни ветрови и екстремни температури, достигнувајќи до 38 степени.