Липински: Максимум за две години ќе се снима првиот холивудски филм во Македонија
Импресионирани од убавините, од гостопримството на луѓето, од храната, снимениот материјал, екипата на Си-Ен-Ен ќе го обработи на пет странски јазици. Ќе се емитуваат преку социјалните мрежи и на Јутуб...
Македонија има потенцијал за развој на филмската индустрија што ќе отвори нова страница во инвестициската политика. Холивудската продукција открила локации што ќе ги промовира пред светската продуцентска фела. Културните вредности и природните убавини ќе ги спакуваат во 15-тина документарци. Најавија – ќе снимаат и долгометражен филм. Ќе ја промовираат Македонија како филмска локација.
„Интересно да се донесат големи светски ѕвезди, да се сними холивудски филм во Македонија. Ако се појави некое место во нив, ќе се зголеми публицитетот на државата. Има можност да се снима овде, има добар потенцијал. Кога ќе ги направиме првите филмови, ќе почнеме да развиваме индустрија која ќе вработува високо- квалитетни кадри и ќе отвори различни видови бизнис, а затоа ни треба огромна поддршка од државата и соодветен обучен кадар“, вели продуцентот Перси вон Липински.
Липински посочува, сигурен сум дека најмногу за две години во Македонија ќе биде снимен првиот холивудски филм. Импресионирани од убавините, од гостопримството на луѓето, од храната, снимениот материјал, екипата на Си-Ен-Ен ќе го обработи на пет странски јазици. Ќе се емитуваат преку социјалните мрежи и на Јутуб.
„Ние добивме 15 кратки документарани филмови што ќе бидат емитувани низ светот на популарни светски медиуми. Дополнително се разви интересот на Холивид за снимање филмови во Република Македонија, а тоа е реално и можно и ќе значи ангажирање на целиот филмски свет во Македонија“,вели Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за поддршка на туризмот на РМ.
Спотови, документарци, филмови... Македонија очекува позитивен имиџ за државата, брендирање како туристичка дестинација, локација за бизнис и за привлекување инвестиции.
Сузана Фиданска- Стоевска
