Економија
Јануари останува најскап месец
19.01.2026 17:41
Ги поминавме најголемите јануарски празници. Празнувавме, се потрошивме. Како да се помине најскапиот и најдолг месец во годината?...

Јануари убав, празничен, со многу обичаи. Ама и со најмногу трошоци. Повеќе од 40.000 денари ги чинеше граѓаните да празнуваат. И без да користат аранжмани или гостувања. А, на месецот рано му е крајот.
Празнувањето е плодот на нашите желби. Сега е најбитен фокусот на целите што сме ги зацртале. Но, чекор по чекор, препорачуваат психолозите.
Јануари останува нашиот испит во соочувањата со годината која штотуку започна.
Елизабета Митреска
