Македонија

Претседателот на Собранието Гаши го честита празникот Водици

19.01.2026 12:16

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици во која истакнува дека овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нè на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава...

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици во која истакнува дека овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нè на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава.

– Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, Ви упатувам честитки по повод празникот Водици. Овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нè на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава. На православните верници им посакувам овој ден да донесе внатрешен мир, а во нивните домови да владеат здравјето, благосостојбата и спокојот – наведува Гаши во честитката