Безбедност во сообраќајот

Од утре тестирање на „Безбеден град“, законот за гласање во Собрание

19.01.2026 18:17

Власта бара поддршка за измените на Законот за прекршоци што неделава е на гласање во Собрание, последен од сетот за целосно да профункционира системот „Безбеден град“ од 1-ви февруари. Опозициската СДСМ се сомнева во можна злоупотреба на големата база на податоци на граѓаните, учесници во сообраќајот, а има дилеми и за висината на казните. МВР од утре ќе ги тестира поставените уреди...

Власта бара поддршка за измените на Законот за прекршоци што неделава е на гласање во Собрание, последен од сетот за целосно да профункционира системот „Безбеден град“ од 1-ви февруари.

Опозициската СДСМ, пак, и натаму се сомнева во можна злоупотреба на големата база на податоци на граѓаните, учесници во сообраќајот, а има дилеми и за висината на казните.

И додека се подготвуваат законските измени, се подготвува и МВР. До сабота ќе се тестираат поставените уреди во временски интервал од 8 до 20 часот на сообраќајниците каде се поставени камерите, при што нема да се пропуштаат возила. Опремата на „Безбеден град“ е поставена на територијата на Скопје, Куманово, Тетово и главните коридори, а во текот на годинава ќе се прошири и во другите градови.

Човечкиот живот нема цена, велат граѓаните и бараат што поскоро да профункционира системот.

Прагот на толеранција е од +6 километри на час како и кај полициските радари.

Самиот податок дека од над 100 илјади сообраќајни прекршоци дневно во декември, бројот е намален на 2-3 илјади месецов, зборува дека електронскиот систем „Безбеден град“ дејствува воспитно на несовесните возачи.

Александра Велинова