Учениците се враќаат во училиштата, почнува второто полугодие
Утре почнува второто полугодие – и покрај растечките бројки на заболени од грип, надлежните донесоа одлука, наставата да се одвива редовно...

Учениците се враќаат во клупите. Утре почнува второто полугодие – и покрај растечките бројки на заболени од грип, надлежните донесоа одлука, наставата да се одвива редовно.
Од Министерството за образование и наука со апел до родителите, учениците да бидат редовни во училиште и што поретко да изостануваат, освен во случаите кога покажуваат симптоми на грип.Во вториот дел од учебната година ќе продолжи процесот на воведување едносменска настава, со која досега се опфатени околу 200 училишта.
Наставниците во март треба да добијат покачување на платите, а во јуни, матурантите ќе полагаат државна матура по нов концепт, согласно со видот на образованието.
