Свет

Прашањето за Гренланд, тест за единството на Западот

19.01.2026 16:47

Во сенка на очекуваната средба во Давос меѓу Трамп и генералниот секретар на НАТО, Руте, кој се обидува да го спречи распадот на Алијансата по заканите за Гренланд, Европа е обединета против уцените на САД за царини и присвојување на островот. Британскиот премиер Стармер го критикуваше Трамп, а Брисел ја потврди поддршката за Данска и Гренланд, разгледувајќи одмазднички пакет санкции. Најавен е и вонреден состанок на Европскиот совет.

Целосно погрешни, беше првата квалификација на британскиот премиер Стармер откако земјите од Авропската унија и Англија кои се решија да испратат воено засилување на Гренланд, добија нови 10 насто американско зголемување на царинските тарифи, или вкупно 25 проценти. Тоа стапува во сила од 1-ви јуни годинава.

„Сојузите траат. Тие се градат со почит, а не на притисок. Затоа велам дека употребата на тарифите е целосно погрешна, не може на овој начин да се решаваат нашите разлики во момент кога треба да се засили безбедноста на Гренланд. Ова пред сè ќе ги погоди британските работници и економијата“, истакна Кир Стармер-премиер на Обединетото Кралство.

За Стармер, иднината на островот припаѓа на Гренланѓани и на кралството Данска. Европската комисија планира целосна заштита на сопствените интереси низ можната средба на Дер Лејен со Трамп на светскиот економски форум во Давос.

„Засега не знам дали тоа ќе се случи, и двајцата ќе бидат во Давос. Нам ни е важен транс-атлантскиот интерес и безбедноста на Арктикот, како и на НАТО. Ако се воведат новите давачки имаме алатки за да одговориме“, изјави Олоф Гил-портпарол на Европската комисија.

На ставот на Трамп дека Русија има безбедносни апетити кон Арктикот и особено кон зелениот остров, реагираше Кремљ.

„Премногу вознемирувачки информации, засега самоанализираме. Но, има меѓународни експерти кои тврдат дека со анексијата на Гренланд, Трамп создава нова историја. Не само американска, туку и светска“, изјави Дмитри Песков-портпарол на рускиот претседател Путин.

Позицијата на Трамп за територијално преземање на островот наидува на негативни реакции во светот. Оставете го Гренланд, громогласно извикуваше публиката за време на интонирањето на американската химна пред мечот на два НБА тимови во Лондон.

Зоран Богатинов