Временска прогноза
Претпладне сончево, попладне повремени врнежи од снег
20.01.2026 08:02
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец...

Претпладне претежно сончево, попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе биде – 6, а дневната 6 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од источен правец.
