Неделава тестирање на „Безбеден град“
Од денеска почнува тестирањето на поставените уреди за „Безбеден град“. Граѓаните сметаат дека со поригорозни мерки ќе се постигне ефект во сообраќајната култура. Власта бара поддршка за измените на Законот за прекршоци што неделава е на гласање во Собрание, последен од сетот за целосно да профункционира системот „Безбеден град“ од 1-ви февруари.

Опозициската СДСМ се сомнева во можна злоупотреба на големата база на податоци на граѓаните, учесници во сообраќајот, а има дилеми и за висината на казните.