Образование

Почна второто полугодие

20.01.2026 08:07

И покрај растечките бројки на заболени од грип, надлежните донесоа одлука, наставата да се одвива редовно, а пикот на грипот го очекуваат при крај на месецот...

Од денеска почна второто полугодие. Учениците се вратија во училишните клупи. И покрај растечките бројки на заболени од грип, надлежните донесоа одлука, наставата да се одвива редовно, а пикот на грипот го очекуваат при крај на месецот. Министерката за образование апелираше до родителите, учениците да бидат редовни во училиште и што поретко да изостануваат, освен во случаите кога покажуваат симптоми на грип.

Во вториот дел од учебната година ќе продолжи процесот на воведување едносменска настава, со која досега се опфатени околу 200 училишта. Во јуни, матурантите ќе полагаат државна матура по нов концепт, согласно со видот на образованието.