тутунопроизводство
При кај откупот на тутун од ланската реколта
20.01.2026 08:21
Откупувачите од производителите откупија преку 25 илјади тони по 419 денари за килограм...

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај, иако може да се откупува до 28-ми февруари. Откупувачите од производителите откупија преку 25 илјади тони по 419 денари за килограм. Од Сојузот на земјоделските здруженија нагласуваат дека тутунарите не треба да стравуваат, дека ќе се откупи целиот род и дека има отворено пунктови.
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе посети откупни пунктови за тутун во Прилеп.
