Шпанија
Тридневна жалост во Шпанија по судирот на два воза во кој загинаа 41 лице
20.01.2026 12:33
Во моментот на несреќата во возовите имало 500 патници. Ова е една од најлошите железнички несреќи во Европа во модерното време.

Тридневна жалост во Шпанија по судирот на два воза во кој загинаа 41 лице, а десетици се повредени. Продолжуваат напорите за извлекување на телата на три лица заробени во еден од вагоните.
Според првичните извештаи, спој на шините е можна причина за железничката несреќа. Техничарите идентификуваа дека дефектот постои веќе некое време.
Во моментот на несреќата во возовите имало 500 патници. Ова е една од најлошите железнички несреќи во Европа во модерното време.
