Романија последен противник на македонската репрезентација во Б-групата на ЕХФ Еуро 2026
Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол-разлика, а исто таков епилог ќе треба да има на средбата меѓу Данска и Португалија.

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот го игра последниот меч од Б-групата на ЕХФ Еуро 2026 против селекцијата на Романија.
Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол-разлика, а исто таков епилог ќе треба да има на средбата меѓу Данска и Португалија.
Во пресрет на средбите од третото коло во Б-групата, Данска е прва со четири бода, Португалија е втора со три бода и гол разлика +6, Македонија е трета со еден бод и-12, додека Романија е последна без освоен бод.
Во следната фаза ќе одат двете првопласирани, а третото место е од големо значење за добивање полесен противник во жрепката за Светското првенство 2027.
Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах.
