Објавени стартерите за НБА Ол-старот 2026
Леброн Џејмс оваа година не е избран за стартер, со што заврши неговата низа од 21 последователна сезона меѓу првите 10 Ол-стар играчи, но останува можноста да биде повикан како резерва.

НБА лигата официјално ги објави кошаркарите кои ќе бидат стартери на претстојниот Ол-стар натпревар, што ќе се одржи на 15 февруари во Инглвуд, Калифорнија, на домашниот терен на Лос Анџелес Клиперс.
Во стартната петорка на Источната конференција се Јанис Адетокумбо (Милвоки), Џејлен Браун (Бостон), Џејлен Брансон (Њујорк), Кејд Канингем (Детроит) и Тајрис Макси (Филаделфија).
Западот ќе го предводат Лука Дончиќ (ЛА Лејкерс), Стивен Кари (Голден Стејт), Шеи Гилџес-Александар (Оклахома), Никола Јокиќ (Денвер) и Виктор Вембањама (Сан Антонио).
Леброн Џејмс оваа година не е избран за стартер, со што заврши неговата низа од 21 последователна сезона меѓу првите 10 Ол-стар играчи, но останува можноста да биде повикан како резерва.
Новитет е и форматот на натпреварувањето – избраните стартери ќе бидат распределени во три Ол-стар тима, два со американски и еден со меѓународни кошаркари, кои ќе се натпреваруваат во турнирски систем.
