Румен Радев ја поднесе својата оставка до Уставниот суд во Бугарија
Бугарија е зафатена од политичка криза, а според анализата на „Еуроњуз“, нова политичка партија водена од Радев би можела значително да ги преобликува не само внатрешните работи туку и надворешната политикана Софија.

Бугарскиот претседател Румен Радев ја поднесе својата оставка до Уставниот суд. Според бугарските аналитичари, Радев има амбиции да стане премиер бидејќи е најпопуларниот политичар во земјата и има реални шанси да состави влада.
Засега не е познат точниот временски распоред за изборите, ниту како оставката ќе влијае врз земјата во наредниот период. Бугарија е зафатена од политичка криза, а според анализата на „Еуроњуз“, нова политичка партија водена од Радев би можела значително да ги преобликува не само внатрешните работи туку и надворешната политикана Софија.
Радев, поранешен генерал на бугарското воено воздухопловство, од 2017 година наваму именуваше дури седум технички влади.
