Трамп доаѓа на Светскиот економски форум во Давос за да разговара за Гренланд
Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, учествува на годишниот Светски економски форум во Давос. Форумот се одржува во време на зголемени геополитички и економски тензии, а најавено е и доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп.

Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, учествува на годишниот Светски економски форум во Давос. Форумот се одржува во време на зголемени геополитички и економски тензии, а најавено е и доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп.
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, порача дека „Нова Европа веќе се појавува“, истакнувајќи дека Унијата избира фер трговија наместо царини и партнерство наместо изолација.
Таа се осврна на договорот ЕУ-Меркосур, со кој се создава најголемата зона на слободна трговија во светот, и најави забрзување на преговорите со Индија, што би отворило пазар од околу две милијарди луѓе.
Фон дер Лајен ги повика бизнис-лидерите да се откажат од носталгијата по стариот поредок и порача дека геополитичките промени се трајни.
„Aко светот трајно се менува, тогаш и Европа мора трајно да се промени“, порача таа од Давос.
