Ракомет

Сон за медал

20.12.2013 12:22

Во Белград денеска се дознава, кој ќе е во финале, кој ќе брка медал, а кој ќе биде бакзузната 4-та селекција на крајот на светскиот ракометен собир.

Србинките окуражени по победата над олимписките и светски првенки Норвежанките одат на Полска, селекција која веќе направа историски момент за себе, а и подвиг на шампионатот со елиминацијата на сребрените Французинки.

Бразилките велат се подготвени на се, да се дограбат до медал, тригодишниот макотрпен труд и постепениот прогрес вроди со плод кај единствената неевропска репрезентација во 4-ката. Данска ќе биде нивниот противник за денеска во 1/2 финалниот двобој, селекција која планира пропуштеното од пред две години во Бразил и таму завршеното на четврто место да го претвори во подиум и со тоа го прекинат 16 годишен пост од светскиот пиедестал.

Како и да е, едно е јасно, 21 планетарен ракометен самит од оној пред две, па и години пред тоа, ќе има комплетно нова топ тројка на репрезентации.

1/2 финале(20.12.2013)

„Конбак Арена“ –Белград

Србија - Полска  18.00

Данска - Бразил  20.45