Економија
Минималните трошоци за четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар
20.01.2026 16:50
Од вкупната сума, за храна и пијалоци биле потребни 24.211 денари, додека за минимални режиски трошоци 6.338 денари.

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари, што е зголемување од 921 денар во однос на декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните минимални трошоци достигнуваат 81.788 денари. Од вкупната сума, за храна и пијалоци биле потребни 24.211 денари, додека за минимални режиски трошоци 6.338 денари.
Поради растот на трошоците за живот, ССМ бара зголемување на минималната плата на 600 евра, како и раст на сите останати плати, а во наредниот период најавува и протести.
