Нови 14 случаи на жолтица во Скопје, најмногу ученици

09.09.2014 16:50

Надлжените велат дека состојбата полека се смирува и бројот на заболените од недела на недела опаѓа...

14 новорегистрирани пациенти со жолтица има во Скопје во текот на продолжениот викенд. Тројца од нив, вирусот хепатитис А го добиле по контакт со заболен, додека другите се епидемиолошки неповрзани. Меѓу заболените најмногу има ученици.

„Овие деца кои се на училишна возраст, веќе се претходно заразени. Во училиштата засега нема ширење на епидемијата“, вели д-р Билјана Даниловска, од Центарот за јавно здравје.

Во образовните институции се почитуваат препораките, но спеак надзорот продолжува, велат од Центарот за јавно здравје Скопје. Утре повторна ќе има дезинфекција во некои училишта.

„Обичните социјални контакти не се извор на зараза. Ако се спроведуваат правилно превентивните мерки, правилно и детално се мијат рацете, нема да дојде до зараза“, вели вели д-р Билјана Даниловска.

Најмногу новорегистрирани со жолтица има во Шуто Оризари, таму од Ценарот за јавно здравје вршат дезинфекција во куќите каде што има по двајца или тројца заболени. Надлжените велат дека состојбата полека се смирува и бројот на заболените од недела на недела опаѓа. Од почетокот на епидемијата досега во Скопје со хепатитис А се регистрирани 121 пациент.

Во Штип во изминативе три дена нема новозаразени. Вкупно во овој град се евидентирани 56 пациенти.

Наташа Јанчиќ