РКЕ со нова одлука

Повисоки цени на горивата од полноќ

20.01.2026 14:11

Најголемо покачување има кај дизел горивото, додека бензините и екстра лесното масло ќе се продаваат по цена повисока за 1,5 денари.

Од ноќеска на полноќ цените на нафтените деривати во земјава се зголемуваат за 1,5 до 2 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа последна корекција, малопродажните цени на горивата во просек се зголемуваат за 2,46 отсто.

Најголемо покачување има кај дизел горивото, додека бензините и екстра лесното масло ќе се продаваат по цена повисока за 1,5 денари.

ЕУРОСУПЕР БС-95: 72,00 ден/лит

ЕУРОСУПЕР БС-98: 74,00 ден/лит

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 66,50 ден/лит

Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 66,00 ден/лит

Мазут (М-1 НС): 32,987 ден/кг (зголемување за 0,854 денари)

Според анализите на РКЕ, главната причина за ваквата одлука е растот на референтните цени на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, бензините на светските берзи поскапеа за 4,1%, додека дизелот бележи раст од дури 5,1%.

Дополнително влијание врз новата цена има и курсот на денарот во однос на доларот, кој во изминатиот период е зголемен за 0,23%.

Овие цени ќе стапат на сила точно на полноќ и ќе важат до наредната одлука на Регулаторната комисија.