Гаши: Собранискиот Деловник создава проблеми при работењето
Многу недоречености за собранискиот надзор врз Владата и институциите што ги назначува. Нема јасна определба околу контролата врз власта со интерпелација, што е гласање недоверба, а што доверба и користа од анкетните комисии. Собранискиот Деловник создава проблеми при работењето, признава спикерот Гаши...

Најмногу се носат закони, а се намалува собранискиот надзор и контрола врз Владата и институциите што ги назначува. Нема јасни поделби за надлежностите меѓу власта и Собранието околу независните комисии и тела. Законите што се носат многу малку се контролираат како се спроведуваат. И самиот Деловник прави проблеми при работата на парламентот - посочија на расправата за ситуацијата со собранискиот надзор.
Нема јасна определба за контрола врз власта со пратенички прашања, интерпелација, што е гласање доверба, а што недоверба на Владата и за што служат заклучоците на анкетните комисии.
Пратениците посочија дека некои закони се судираат, како барањето за безбедносни сертификати за пратениците при контрола на разузнавачките служби, што ги блокира при надзорот.
Ирина Гелевска
