„Безбеден град“ ќе стартува од први февруари, ДУИ ќе даде зелено светло
Пратеничката група на СДСМ и натаму условува со забелешки, најави дека ќе ги достави на седницата која најверојатно ќе биде свикана во петок...

„Безбеден град“ ќе стартува од први февруари. По најавите на ДУИ дека ќе даде зелено светло, ќе го има потребното двотретинско мнозинство за законските корекции во Собранието. Сепак, бараат да се имплементираат нивните забелешки.
Пратеничката група на СДСМ и натаму условува со забелешки, најави дека ќе ги достави на седницата која најверојатно ќе биде свикана во петок.
Во меѓувреме камерите од системот „Безбеден град“ се во тест фаза до крајот на месецов. Од МВР велат, на одредени улици и булевари нема да има сообраќај за време на процедурата.
Има бенефит од системот, велат и од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, согласни се и граѓаните, очекуваат побезбеден сообраќај со помалку прекршоци.
Засега камерите се тестираат во главниот град, продолжува и процесот на инсталирање во другите градови.
Ана Јосифоска
