Јавно обвинителство

Со седум гласа „за“ Адел Фидоски избран за нов шеф на ОЈО Скопје

20.01.2026 18:31

Адел Фидоски е нов шеф на Основното јавно обвинителство – Скопје. Тој ја презема раководната функција во скопското обвинителство од Гаврил Бубевски кој конкурираше за нов мандат и освои пет гласа. Фидоски во јавноста е познат како обвинител со учество во неколку високопрофилни и општествено чувствителни случаи...

Со 7 гласа „за“ Анел Фидоски избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство – Скопје.

Фидоски ќе застане на чело на најголемото обвинителство во државата, институција која постапува по најголем број и најсложени кривични предмети и која е под постојан фокус на јавноста. За оваа функција конкурираа 5 кандидати со искуство меѓу 6 до 12 години

Фидоски во јавноста е познат како обвинител со учество во неколку високопрофилни и општествено чувствителни случаи. Меѓу нив е гонењето за убиството на Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“, како и предметот против поранешниот премиер Владо Бучковски за случајот „Тенковски делови“,

Со 10 гласа „за“, Бесир Алиу, кој беше и единствениот кандидат, е реизбран за шеф на Основното јавно обвинителство Тетово.

 

Марина Стојанова - Тонева