ЕУ ги одложи санкциите кон Русија на неопределено!
За одложување на санкциите усвоени на Советот на ЕУ во петокот мината недела биле во прв ред Австрија, Шведска, Финска, Кипар и Словачка...

Европа го одложи новиот пакет санкциите против Русија на неопределно време со цел како што велат европските преставници да се даде шанса на сеуште кревкото примирје меѓу Киев и Москва.
„Како што вчера изјави претседателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпуј, санкциите беа усвоени според пропишаната процедура, и тој беше многу јасен дека стапувањето на сила како и нивното објавување во официјалниот весник ќе биде во следните неколку дена“, вели Пиа Хансен, портпарол во Европската комисија.
Инаку санкциите кои длабоко задираа во економскиот и енергетскиот сектор требаа да стапат на сила денес на пладне. Исклучок секако беше Гаспром како најголем произведител на гас и снабдувач на Европа со овој енергенс.
За одложување на санкциите усвоени на Советот на ЕУ во петокот мината недела биле во прв ред Австрија, Шведска, Финска, Кипар и Словачка. Официјално не е прецизиран рокот за колку време ќе важи одолговлекувањето, но според дипломастски извори уште утре повторно ќе се разгедува развојот на состојбата на терен.
Примирјето е дел од мировниот план на Обединетите Нации за спречување на 5 месечниот конфликт за кои се проценува дека загинаа 3000 луге од двете страни
Марина Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
