судски совет

Одземен имунитетот на судијата Ристов

20.01.2026 17:10

Судскиот совет му го одзема мандатот на апелациониот судија Ѓоко Ристов во чија семејна куќа беа пронајдени соѕидани 350 илјади евра.

Судскиот совет му го одзема мандатот на апелациониот судија Ѓоко Ристов во чија семејна куќа беа пронајдени соѕидани 350 илјади евра. Обвинителството бара на осомничениот за противправно стекнување и прикривање на имот да му биде одземен пасошот и да оди во куќен притвор.
На потег сега е Кривичниот суд.
По молкот на институциите изминатите два дена и бранувањата во јавноста во врска со осомничениот судија, попладневно надлежните почнаа да ја разрешуваат дилемата, кои се деталите? 
 
Известува Анита Димитријевска-Велковска