ракомет
Македонија со гол во последната секунда ја победи Романија
20.01.2026 19:58
Македонија со гол во последната секунда ја победи Романија со 24:23 и ја заврши групната фаза на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка со три освоени бода.

Машката ракометна репрезентација на Македонија со гол во последната секунда ја победи Романија со 24:23 и ја заврши групната фаза на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка со три освоени бода.
Победата ѝ носи полесен пат кон следното Светско првенство, додека шансите за продолжување на настапите зависат од исходот на мечот Данска–Португалија.
Македонија имаше одличен почеток и водство од 4:0, а иако Романија израмни во финишот, Костески погоди во последните секунди за голема победа.
