Светот во исчекување на говорот на Трамп
Трамп повеќепати порача дека нема да се откаже од неговата цел додека шефот на НАТО Рутена маргините на форумот ќе се обиде да понуди алтернативи за безбедноста на островот и да го разубеди Трамп во неговата намера...

Клучен ден на форумот во Давос во исчекување на говорот на американскиот претседател Трамп кој пристигнува во Швајцарија со најава за арктичка пресметка по острите изјави дека Гренланд мора да му припадне на САД.
„Одам во Давос, верувам дека патувањето ќе биде многу успешно. Земјата никогаш не била подобро. Ова ќе биде интересно патување“, изјави Доналд Трамп.
Трамп повеќепати порача дека нема да се откаже од неговата цел додека шефот на НАТО Рутена маргините на форумот ќе се обиде да понуди алтернативи за безбедноста на островот и да го разубеди Трамп во неговата намера. Во истовреме Европа останува обединета да ги штити своите интереси по заканите на САД за нови царини.
