Техеран со нови предупредувања до Трамп
Техеран упати ново предупредување до Вашингтон, порачувајќи му на Трамп да не презема мерки против врховниот лидер Хамнеи...

Техеран упати ново предупредување до Вашингтон, порачувајќи му на Трамп да не презема мерки против врховниот лидер Хамнеи, откако американскиот претседател повторно повика на крај на 40-годишниот режим во Иран.
„Трамп знае дека ако се крене рака за да се нападне нашиот лидер, не само што ќе ја пресечеме решително и храбро туку ќе го запалиме нивниот свет. Ќе им ја одземеме безбедноста и нема да им оставиме безбедно место“, изјави Аболфазл Шекарчи, портпарол на вооружените сили на Иран.
Заканите следеа по интервјуто на Трамп за „Политико“ во кое го нарече Хамнеи „болен човек“ и повика на ново раководство во Иран, додека тензиите меѓу земјите остануваат високи по смртоносните протести во кои според активистите има над 5.000 жртви.
