Европа

Жртва и повредени во нова железничка несреќа во Шпанија

21.01.2026 19:50

Едно лице загина, десетици се повредени откако воз удрил во потпорен ѕид кој се урнал врз шините по што излетал од правецот во близина на Барселона...

Нова железничка несреќа среде национална жалост во Шпанија. Едно лице загина, десетици се повредени откако воз удрил во потпорен ѕид кој се урнал врз шините по што излетал од правецот во близина на Барселона.

„Она што можам да ви кажам е дека има петмина критично повредени патници. Еден од нив беше длабоко заробен во урнатините. Моравме да направиме маневри за да го ослободиме. Беше сложена операција“, изјави Клаудио Гаљардо, инспектор за пожарникари од Каталонија.

Инцидентот доаѓа само два дена по смртоносната несреќа во Кордоба во која бројот на жртви се искачи на 42 откако спасувачите извлекоа уште едно тело од вагоните.