Голема офанзива против џихадистите на ИДИЛ

09.09.2014 17:12

Се разгорува офанзивата против џихадистите. Ирачката војска ја почна втората фаза на чистењето на Барвана во провинцијата Анбар. Масовната воена операција почна вчера, за враќање на контролата врз стратешката брана Хадита.

Во Сирија, војската изведе напади од копно и воздух врз повеќе мети на Фронтот ал Нусра на Голанската висорамнина. Американскиот конгрес одобри дополнителни фондови за справување со Исламската држава, а Британија одлучи да и испрати тешко оружје и муниција на ирачката влада.