Националниот џез оркестар ја отвора концертната сезона 2026 со концерт со гудачкиот ансамбл
Под диригентската палка на маестро Џијан Емин, на програмата се авторски композиции на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески. Солистички ќе настапат Кирил Кузманов на саксофон и флејта, како и Бојан Цветковиќ на пијано.

Националниот џез оркестар заедно со гудачкиот ансамбл на Националната опера и балет ќе ја отвори концертната сезона 2026 на 30 јануари во Македонската филхармонија со почеток од 20:00 часот.
Под диригентската палка на маестро Џијан Емин, на програмата се авторски композиции на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески. Солистички ќе настапат Кирил Кузманов на саксофон и флејта, како и Бојан Цветковиќ на пијано.
Како специјален гостин на вечерта ќе настапи гитаристот и композитор Георги Шарески, кој со својот израз и музички сензибилитет дополнително ќе го збогати звучниот карактер на концертот.
Организаторите ги повикуваат сите љубители на музиката да присуствуваат на оваа уникатна вечер, носејќи ја публиката надвор од секојдневниот ритам и создавајќи незаборавно музичко искуство.
