Македонија

Сите државни патишта се проодни, се препорачува внимателно возење

21.01.2026 11:53

Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно подготвени, со механизација и работна сила на терен, и континуирано вршат расчистување на снегот...

Државните патишта низ Македонија се проодни и безбедни за сообраќај, информираат надлежните. Сепак, поради врнежите од снег, се препорачува внимателно и совесно управување со возилата.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно подготвени, со механизација и работна сила на терен, и континуирано вршат расчистување на снегот. Активностите се координирани со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт за обезбедување непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Возачите се советуваат да користат зимска опрема, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот. Исто така, се препорачува редовно информирање преку сите информативни центри за актуелните услови на државните патишта.

Надлежните најавуваат дека координираните активности ќе продолжат и во наредниот период, со цел безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.