Сообраќај

Сообраќајот на Плетвар се одвива без проблеми

21.01.2026 13:06

На Плетвар нема никакви проблеми со снегот и сообраќајот се одвива непречено за сите видови возила. Нема проблеми ниту на патиштата во прилепскиот регион...

Снегот никого не изненади на превојот Плетвар. Екипите го одржуваат патот без проблеми, а подготвени се за секакви временски промени.

Сообраќајот непречено се одвива на сите патни правци во Прилепскиот регион. Од „Македонија пат“ велат дека се добро опремени со материјал и механизација

Според приоритетите, во текот на денот ќе се чисти и патот за Мариово.

 

Елизабета Митреска