Минчев: Управните одбори се сведуваат на три члена, нема веќе доживотни функции
Поголема ефикасност на јавната администрација со квалификувани, транспарентни и одговорни раководители – превидува новиот Предлог-закон за високи раководители на органите на државната управа. Предвидена е реформа и на управните одбори. Се сведуваат на три члена, нема веќе доживотни функции – вели министерот Минчев...

Стручно наместо политичко назначување на раководни места предвидува новиот Предлог-закон за високи раководители на органите на државната управа. Целта е поголема ефикасност на јавната администрација со квалификувани, транспарентни и одговорни раководители, преку трајни, а не привремени решенија. Предвидена е реформа на управните одбори кои ќе бидат составени од три члена.
Работата ќе се мери по учинок, а не статус. Овој закон би бил важен исчекор за земјава чии аспирации се насочени кон ЕУ, бидејќи не приближува кон владеење на првото – истакна генералниот секретар на Владата, Јанушев.
Ќе се земе предвид работното искуство, програмата што ќе ја понудат кандидатите, а ќе бидат и интервјуирани и тестирани.
Предлог-законот за високи раководители на органите на државната управа опфаќа 19 министерства, 48 органи во состав на министерства и 29 независни органи.
Не се предвидени нови институции и нема да има импликации на буџетот.
Александра Велинова
