ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
Потсетуваме дека луѓето кои живеат во повисоките места навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови) и се препорачува внимателно движење на пешаците, бидејќи е можна појава на голомразица.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници.
Потсетуваме дека луѓето кои живеат во повисоките места навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови) и се препорачува внимателно движење на пешаците, бидејќи е можна појава на голомразица.
Во случај на опасност или потреба, граѓаните да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици 112, велат од Центарот за управување со кризи.
