Неизвесна целовитоста на Обединетото Кралство?

09.09.2014 17:22

По три века заедничко живеење на Шкотска и Велика Британија доведена е во прашање целовитоста на Обединетото Кралство. На 18 септември шкотланѓаните се изјаснуваат дали и натаму сакаат да бидат дел од Кралството. Британскиот премиер Дејвид Камерон, но и лидерот на опозицијата, лабуристот Ед Милибанд се на терен и порачуваат – подобро е да останеме заедно.

„Ќе сторам се што можам да го зачувам Обединетото Кралство. За едно нешто сите се согласуваме дека Обединетото Кралство е подобро ако останеме сите заедно. Најдобро место е да се биде  во Шкотска и да се слушне народот. Ние сакаме да останат со нас“, изјави Дејвид Камерон, премиер на Обединетото Кралство.

„Ве замолуваме останете со нас,затоа што заедно сме посилни“, рече Ед Милибанд, лидер на Лабуристичката партија.

Но во кампања е и иницијаторот на референдумот за независност на Шкотска. Тој порачува дека заложбите на Лондон се безуспешни.

„Ова е навистина голем предизвик за ВЕСТ-Минстер. Кампањата е насочена за да разберат шкотланѓаните дека можеме да си ја земеме иднината во свои раце“, вели Алекс Салмонд, прв министер на Шкотска.

Анкетите покажуваат дека резултатот ќе биде тесен, а последното истражување е дека за независност најмногу се залагаат жените кои имаат право на глас