Брифинг за случајот со судијата Ристов во ОЈО ГОКК
Здружението на судии се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција кој со своето незаконско постапување го нарушува угледот и интегритетот на судскиот систем…

Здружението на судии јасно и недвосмислено се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција, кој со своето незаконско постапување го нарушува угледот и интегритетот на судскиот систем, напишаа во соопштението колегите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, откако кај него беа пронајдени 350.000 евра, а Обвинителството отвори истрага.
Бараат надлежните да спроведат темелна истрага и да утврдат дали постои инволвираност на други лица.
Во меѓувреме, во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, предметниот обвинител одржува брифинг со новинарите. Известува Анита Димитријевска-Велковска.
