ССМ на протест за повисоки плати
Сојузот на синдикати бараат раст на сите плати заради растот на трошоците на семејствата. Претседателот на синдикатот најавува протест...

В среда од 17 часот, Сојузот на синдикати излегува на протест, поради незголемувањето на минималната плата на 600 евра и 100 евра на преостанатите плати. Трендот на ниски плати е неодржлив во Македонија, велат од ССМ. Додека соседните држави од јануари ја зголемија минималната плата на над 500 евра, во Македонија таа останува на 396 евра. Оттаму велат дека незадоволството расте и затоа работниците излегуваат на улица.
Протестот ќе почне од пред ССМ, преку Собранието и Стопанската комора, па се до Владата.
Од ССМ посочуваат дека живејачката поскапува, а само за еден месец од декември до јануари вредноста на синдикалната кошница е зголемена за речиси 1.000 денари. Не се отфрла можноста и за генерален штрајк.
Борис Грујоски
