Мицкоски: Третиот мобилен оператор ќе вложи 100 милиони евра
Премиерот Мицкоски е на Светскиот економски форум во Давос. Разговори за придобивките од влезот на трет мобилен оператор во Македонија, но и за вештачката интелигенција.

„Фор ај Џи“ која ја доби дозволата за трет мобилен оператор ќе инвестира 100 милиони евра во земјава информираше премиерот од Давос. Мицкоски по средбата со сопственикот на компанијата на маргините на Светскиот економски форум изјави дека новиот мобилен оператор ќе влијае позитивно на намалување на цените на услугите.
„Разговаравме за неговите планови, откако нормално ги упати средствата коишто се потреби за добивање на лиценцата. Она коешто тој ме информираше е фактот дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор. Што добиваат граѓаните? Граѓаните добиваат нова компанија која ќе нуди мобилни услуги и компанија којашто, сигурен сум дека ќе влијае позитивно во намалување на цените на услугите коишто мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија“, изјава Христијан Мицкоски-претседател на владата.
Премиерот Мицкоски во Давос ја позицираше Македонија како иден енергетски центар која ќе одговори на зголемената глобална побарувачка за електрична енергија предизвикана од развојот на вештачката интелигенција и дигиталната трансформација.
Македонија не смее да биде пасивен набљудувач. Држвата повторно треба да ги отвори и активира енергетските проекти Чебрен, Галиште и Бошков Мост и паралелно да го понуди својот потенцијал за инвестиции во обновливи извори на енергија, за кои веќе има заинтересирани инвеститори од странство, најави Мицкоски од Давос.
Ирина Гелевска
