Собранието по скратена постапка ги усвои измените на законите за основно и средно образование
Собранието на Република Македонија попладнево по скратена постапка ги донесе измените на Законот за основното и на Законот за средното образование.
Меѓу предложените измени е и одредбата со која се прдвидува во случај наставниците и професорите да штрајкуваат да бидат заменети со други привремено вработени наставници за да не се прекинува воспитно-образовниот процес.

Односно во членот 3 е утврдена обврската на директорот во случај на прекин на наставата поради штрајк да обезбеди услови за континуитет на воспитно-образовниот процес. Директорот на училиштето, по претходна согласност од градоначалникот, а за државните училишта од министерот, е должен да обезбеди непрекината воспитно-образовна работа со замена на вработените кои штрајкуваат за време додека трае штрајкот.
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми рече дека оваа одредба не ги опфаќа случаите кога, евентуално, во некое училиште може да има привремен бојкот од разни причини. Рече дека измените се усогласени со Законот за работни односи во поглавјето за штрајк и нагласи дека не треба да постои стравување или дилема дека со овој закон може да се ограничи правото на штрајк.
Со другите измени опфатена е и одредбата од 2016 година учениците во основно и во средно да имаат една лектира заедно со ЦД на изворен англиски јазик и формирање училишни спортски клубови во училиштата кои може да ги основаат најмалку пет вработени.
Дел од измените се однесуваат и на завршните извештаи од екстерното и од интерното оценување. Целта, според Адеми, е финансиските импликации да не бидат негативни и затоа се изнаоѓа нов модалитет во рангирањето на наставниците.