Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне локални врнежи од дожд и снег на планините

22.01.2026 08:05

Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег...

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.